Лазар Самарџиќ игра одлично во дресот на Удинезе и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
21-годишниот офанзивен играч за врска е роден во Германија, но има српски корени и избра да игра за српската репрезентација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој игра одлично во Серија А, а најсилен интерес за неговите услуги покажуваат Барселона и Милан.
Двата клуба веќе имале контакт со неговиот агент и ќе се обидат на лето да го доведат во своите редови, а Барселона е подготвена да го остави уште една сезона во Удинезе на позајмица.
Самарџиќ покажа дека е еден од најталентираните играчи во Серија А, па Удинезе сигурно нема да го пушти за сума помала од 20 милиони евра.