Барселона е во потрага по квалитетен дефанзивец, а италијанските медиуми пренесуваат дека е силно заинтересирана за капитенот на Милан, Алесио Ромањоли.
Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот не одат во добра насока, па дефанзивецот влезе во последната година од договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ромањоли е ставен на трансфер листа, а најсилен интерес за него покажува Барселона, која веќе стапила во контакт со неговиот агент Мино Раиола.
Од друга страна Милан е заинтересиран за Кутињо, во кого гледа идеална замена за Чалханоглу, па дбвата клуба можат да договорат трампа, пренесува „Тутоспорт“.
Барселона сака да се ослободи од Кутињо и е спремна да ја прифату трампата, но проблем претставува високата плата на Бразилецот.
За да се реализира оваа трампа Кутињо ќе треба да прифати помала плата на „Сан Сиро“.
📰 Tuttosport: Rumours arise of #ACMilan-Barcelona swap involving Coutinho – the situationhttps://t.co/mjkwHJk7jj #SempreMilan
— SempreMilan (@SempreMilanCom) June 28, 2021