Дома Трансфер зона Милан и Ајнтрахт се договорија: Ребиќ останува на „Сан Сиро“

Милан и Ајнтрахт се договорија: Ребиќ останува на „Сан Сиро“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Ајнтрахт постигнале договор за перманентен трансфер на Анте Ребиќ.

Хрватскиот репрезентативец пристигна минатото лето на двегодишна позајмица од Ајнтрахт Франкфурт, а Милан во замена го испрати Андре Силва во Германија.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ребиќ во последно време се претвори во клучен играч за „росонерите“, па клубот започна преговори со Ајнтрахт.

Последните информации говорат дека двата клува постигнале комплетен договор и Милан ќе го откупи Ребиќ за 25 милиони евра плус бонуси.

Во наредните денови се очекува трансферот и официјално да биде потврден, а Хрватот ќе потпише 4-годишен договор со „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…