Милан и ова лето ќе се обиде во своите редови да го донесе напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.
Јовиќ се врати во Мадрид од позајмица во Ајнтрахт, но јасно е дека Карло Анчелоти не смета на него, па „кралевите“ го ставија на продажба.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Реал пред две години за неговиот потпис пласти 60 милиони евра, а сега е спремен да го продаде за многу помала сума.
Милан сака да ја искористи ситуацијата и одличните односи со Реал Мадрид, па веќе започнал преговори со „кралевите“.
„Росонерите“ го сакаат Јовиќ на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето, а напаѓачот веќе дал согласност за трансферот.