Дома Фудбал Италија Милан испадна од купот поради пенал на кој се смее цела Италија (ВИДЕО)

Милан испадна од купот поради пенал на кој се смее цела Италија (ВИДЕО)

Аталанта се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако во четвртфиналниот натпревар на Сан Сиро го совлада Милан со 2:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јунак на натпреварот беше холандскиот двоен стрелец Купмајнерс. Милан поведе во 45. минута со голот на Рафаел Леао на асистенција на Тео Ернандез.

Но, само две минути подоцна, Купмајнерс постигна гол за 1:1. Во 59. минута гостите добија пенал. Алехандро Хименез го собори Алексеј Миранчук, а судијата Марко Ди Бело покажа на белата точка.

Купмајнерс сигурно погоди за 2:1. Тој пенал ги налути Росонерите, но стана и предмет на потсмев.

Видеото погледнете го ТУКА

Имено, спорен е контактот на Хименез и Миранчук. Стартот на Хименез не изгледа како фаул поради кој Милан мораше да биде исфрлен од натпреварувањето.

Видеото на големо се споделува на социјалните мрежи, а го коментираше и најдобриот играч на Милан Рафаел Леао кој напиша „неверојатно“. Аталанта во полуфиналето на Купот ќе игра против Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

После 6-часовен состанок јасно е кој ќе биде новиот тренер на Милан!

Италијанскиот „заспан“ гигант Милан бара нов тренер откако се раздели со Масимилијано Алег…