Дома Трансфер зона Милан има план како да ја донесе ѕвездата на Реал Мадрид

Милан има план како да ја донесе ѕвездата на Реал Мадрид

Неодамнешниот состанок на Паоло Малдини и Звонимир Бобан во Мадрид со управата на Реал додадоа доза оптимизам кај фановите.

Малдини изјави дека по посетата на шпанската престолнина дека има добра шанса да стигне на „Сан Сиро“ некој квалитетен фудбалер, а најголема желба на „росонерите“ е Дани Себаљос.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Италијанските медиуми денес го открија планот на Милан како да дојде до потписот на младиот Шпанец, со оглед на фактот што клубот има проблем со Финансискиот фер-плеј.

Реал за слободата на играчот бара 45-50 милиони евра, но е спремен да го пушти на позајмица со право на откуп.

Милан го сака Себаљос на двегодишна позајмица за која ќе плати 5 милиони евра и додатни 40 милиони евра за откуп.

Во меѓувреме Себаљос блеска на Европското првенство за млади, па Милан сака што е можно побрзо да го договори трансферот и да ја победи конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…