Дома Фудбал Италија Милан за резил: Повторно одложена продажбата на клубот!

Милан за резил: Повторно одложена продажбата на клубот!

Иако се беше најавено и спремно Милан оваа недела да премине во рацете на кинескиот конзорциум „Сино Јуроп“, сепак продажбата на клубот повторно се одложи.

Како „бомба“ одекна веста од италијанските медиуми дека повторно е пролонгирано преземањето на клубот од страна на кинеските инвеститори, иако тоа дефинитивно требаше да се случи на 3-ти март.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, преговорите траат веќе неколку месеци, кинескиот конзорциум веќе има дадено капар од 200 милиони евра, па требаше до крајот на неделата да ги префрли останатите 320 милиони евра за да се комплетира продажбата.

Сепак, медиумите тврдат дека новите сопственици имале проблем во префрлање на парите од Кина во Италија, па побарале од Берлускони, со што само се зголеми сонежот кај фановите и целата италијанска јавност.

Притоа, новите сопственици се обврзани со договорот на лето да вложат 150 милиони евра во засилувања и уште додатни 200 милиони до следното лето, па сега се поставува прашањето дали ќе можат да го направат тоа.

Медиумите во Италија пишуваат за неколку можни сценарија. Кинезите најверојатно ќе достават нови 100 милиони евра како капар, па доколку во следните 30 дена не ја комплетираат продажбата Берлускони може да го задржи клубот.

Клубот и навивачите се во неизвесност, а еден така голем клуб сигурно ова не го заслужува…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Малку недостасувало за трагедија: Бендтнер нападнат со нож на улица во Њујорк! 🎥

Поранешниот дански фудбалер Никлас Бендтнер бил нападнат со нож на улиците во Њујорк. Инци…