Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат англиските медиуми.
25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Оваа сезона Ориги настапи на три натпревари за Ливерпул во сите конкуренции, на кои постигна 1 гол и запиша 1 асистенција.
Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но и Милан, кој веќе започнал преговори со Ливерпул.
„Росонерите“ бараат напаѓач кој ќе биде алтернатива за Ибра и веруваат дека Ориги би бил идеална опција па сакаат да го донесат на позајмица со право на откуп.