Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната, пренесуваат англиските медиуми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
25-годишниот напаѓач не добива голема минутажа кај Јирген Клоп, па тоа е причината поради која сака да ја промени средината.
Интерес за него покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но најсилен е интересот на Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ во Белгиецот гледаат идеална замена за Халанд, кој на крајот на сезоната најверојтано ќе биде продаден.
Борусија Дортмунд може да го добие потписот на Ориги за 14 милиони евра, сума која се спремни да ја платат.