Дефанзивецот на Специја и полски репрезентативец Јакуб Кифор е голема желба на италијанскиот шампион Милан.
22-годишниот Кифор минатата сезона се етаблираше во еден од најдобрите млади дефанзивци во Серија А, а и на Мундијалот покажа одлични партии.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Тој го привлече вниманието на многу европски клубови, а силен интерес за него покажуваат уште Јувентус, Рома, Вест Хем и Лестер.
Меѓутоа Милан ја победил конкуренцијата и ги договорил и личните услови со агентот на полскиот репрезентативец, па сега треба да ја договори отштетата со Специја.
Малдини во него гледа идеален наследник на Кјаер, кој е на залез на кариерата.