Mилан е во голем офанзива во Мадрид и тоа во двата дела од тој преоден рок.
До крајот на преодниот рок Милан ќе се обиде да доведе играчи на Реал и Атлетико. За Анхел Кореа се пишува веќе подолго време, тој трансфер изгледаше како завршен, но кога пропадна трансферот на Родриго во Атлетико работата застана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега „росонерите“ имаат нова идеја – Лука Јовиќ!
#Milan, c'è anche #Jovic fra le occasioni del viaggio di #Maldini a Madrid https://t.co/ByIZ1PGtFP pic.twitter.com/nKBGl6ZWoW
— calciomercato.com (@cmdotcom) August 20, 2019
Реал Мадрид ова лето го плати Јовиќ 60 милиони евра, меѓутоа од неодамна низ медиумите започна да се пишува дека Зидан не е задоволен од она што Јовиќ го покажал во предсезоната и поради тоа сака да го испрати некаде на позајмица да собира исксутво.
Таа ситуација сака да ја искористи Милан кој до крајот на преодниот рок ќе се обиде да доведе еден или ако има можност и двајца офанзивни играчи.
Покрај Јовиќ Милан се поврзуваше и со уште еден напаѓач на Реал, Маријано Диаз. Со Диаз ситуација е поинаква од него Реал сака да се ослободи и да го продаде.
До крајот на преодниот рок нема уште многу, па останува да видиме што ќе се случува.