Милан е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго, пренесува „Ел Национал“.




Родриго оваа сезона игра одлично и се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во светот.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Бразилецот особено се истакна со двата гола против Манчестер Сити во полуфиналето од ЛШ, кога се претвори во херој на „кралевите“.




Меѓутоа, сигурното доаѓање на Мбапе на „Сантиаго Бернабеу“ значително ќе ја намали неговата минутажа, па Родриго може да го напушти клубот на лето.




Бразилецот има договор до 2025 година и Реал сигурно нема лесно да се откаже од него. Меѓутоа, Милан има одлични односи со „кралевите“ и ќе дозволи во договорот да има бај-бек клаузула.




Имено, „росонерите“ се спремни да понудат 45 милиони евра, а Реал ќе има шанса во наредните две години да го врати Родриго за 60 милиони евра.