Шпанскиот фудбалер Сеск Фабрегас дефинитивно е на чекор од заминување од Челзи.
Фабрегас не е во сериозни планови кај тренерот Маурицио Сари оваа сезона и јасно е дека ќе побара нова средија, а со оглед дека има 31 година нема да има проблем да потпише уште еден солиден договор пред крајот на неговата кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој во изминатите месеци се поврзуваше со Милан, а италијанските медиуми денес пренесуваат дека „росонерите“ испратиле официјална понуда на адреса на „сините“.
Понудата наводно изнесува осум милиони евра и Милан така сака да го забрза доведувањето на поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона. Ќе потсетиме, Фабрегас има договор со Челзи до крајот на сезоната и веќе во јануари може да започне преговори со новиот клуб кога во прашање е летниот трансфер.
Најголемата причина поради која Фабрегас не е среќен во Лондон е неговата желба да игра повеќе.
„Имаме добар тим со многу одлични играчи. На „Стенфорд Бриџ“ бев многу среќен, но секој играч сака да игра што повеќе“, изјави Фабрегас.