Дома Фудбал Италија Милан го претстави Пијатек: За мене ова е остварување на сонот!

Милан го претстави Пијатек: За мене ова е остварување на сонот!

Милан денес го претстави новото засилување Криштоф Пијатек кој за 35 милиони евра пристигна од Џенова.

Пијатек пристигнува на „Сан Сиро“ како замена за Игуаин, а ќе го носи дресот со бројот 19.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Пијатек го избра дресот со број 9, но ние сакаме тој дрес прво да се заслужи на теренот. Поради тоа го избра 19“, изјави директорот Леонардо.

„Сликата на која се гледа како носам крпа од Милан е вистинска, не е фотошоп. Јас од мал сум навивач на Милан и за мене е остварување на сонот што ќе играм во овој клуб. Да се игра на Сан Сиро е фантастично, сакам да постигнам колку што е можно повеќе голови“, изјави Пијатек.

„Во Џенова постогнав многу голови, но сепак повикот на Милан ме изненади. Ќе дадам се од себе да му помогнам на тимот. Мојот сон е да играм во Лигата на шампиони со овој легендарен дрес“, додаде полскиот напаѓач.

Пијатек ќе дебитира во дресот на Милан во сабота на „Сан Сиро“ во дербито против Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алонсо мака мачи, против третолигашот вечерва речиси и да не можа да ротира

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва ќе се соочат со третолигашот Талавера во рамките на Куп…