Дома Топ вести Милан го потврди трансферот на Муса

Милан го потврди трансферот на Муса

Италијанскиот гигант Милан и официјално го потврди трансферот на Јунус Муса, кој е 8-мо засилување за тимот ова лето.

Муса доаѓа од Валенсија, а „росонерите“ за неговиот потпис платија 20 милиони евра плус бонуси.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јунус Муса има само 20 години и минатата сезона одигра 37 меча за Валенсија, па го привлече вниманието на многу клубови.

Американскиот репрезентативец стави потпис на договор до 2028 година и треба да биде големо засилување за средниот ред на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…