Фудбалскиот клуб Милан сака во јануарскиот преоден рок да го врати во своите редови Жерар Делуфеу кој моментално настапува во Барселона, пренесува каталонски „Спорт“.
Делуфеу минатата година со успех го носеше дресот на „росонерите“ и ја „оживеа“ својата кариера, но Барселона ја искористи опцијата да го врати шпанскиот репрезентативец на „Камп Ноу“.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Меѓутоа, Делуфеу не добива голема минутажа кај Валверде, а со враќањето на терените на Дембеле просторот за игра додатно ќе се намали, па и самиот размислува за промена на средината.
„Спорт“ пренесува дека играчот веќе стапил во контакт со „росонерите“ кои се спремни да го вратат на „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок.
Барселона ова лето го откупи договорот на Делуфеу за 12 милиони евра, а се претпоставува дека Милан за неговиот потпис ќе плати околу 20 милиони евра.