Џанлуиџи Донарума повторно е главна тема во Италија, се погласни се шпекулациите дека би можел да го напушти Милан и покрај тоа што неодамна потпиша договор до 2021 година.
Мино Раола прави се за да го пресели Донарума во друг клуб, а после синоќешниот напад на навивачите се чини дека ја оствари целта – деновите на Џиџо на „Сан Сиро“ се одброени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Милан е свесно дека Донарума може да замине, па веќе почнаа да му бараат замена.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан испратил понуда до Пепе Реина на кого договорот со Наполи му истекува на крајот на сезоната, па ќе биде слободен агент.
Во Милан сметаат дека ако Донарума замине, Реина ќе биде идеален за голот на „росонерите“ бидејќи има искуство и карактер.
На Апенините тврдат дека клубот од „Сан Сиро“ е спремен да му понуди договор „тежок“ 3,5 милиони евра по сезона.