Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, а моментално најголема желба е Алваро Мората.
Откако пропадна трансферот на Турам, сега „росонерите“ се насочуваат кон шпанскиот репрезентативец и сакаат да го доведат на „Сан Сиро“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мората е искусен напаѓач кој го познава италијанскиот фудбал и на двапати го носеше дресот на Јувентус.
Шпанецот сака да се врати во Италија и ги одбил сите други понуди, а Милан оваа недела ќе се сретне со агентите на Мората.
Со оглед на фактот дека Мората влезе во последната година од договорот, Милан е спремен за неговиот потпис да плати 15 милиони евра.
Expected a meeting this week between Alvaro #Morata’s agents and #ACMilan. Rossoneri have shown interest in the spanish striker, who would like to return to Italy. #transfers https://t.co/Uq1TPmN4g1
— Nicolò Schira (@NicoSchira) July 5, 2023