Дома Топ вести Миланско дерби за ѕвездата на Лил

Миланско дерби за ѕвездата на Лил

Интер и Милан покажуваат сериозен интерес кон напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид, пренесуваат италијанските медиуми.

Примарна цел на „нероаѕурите“ во летниот преоден рок ќе биде доведување на напаѓач бидејќи Џеко е во поодминати години, а Санчез е на излезна врата.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Исто така и Милан е во потрага по напаѓач бидејќи Ибрахимовиќ најверојатно на крајот на сезоната ќе се пензионира.

Примарна цел на двата милански гиганти е токму Џонатан Дејвид, кој игра фантастично во дресот на Лил.

Агентот потврди дека напаѓачот на лето сигуно ќе ја промени средината, но конкуренцијата за неговиот потпис е голема.

Лил за неговата слобода бара 50 милиони евра, па останува да видиме дали миланските клубови се спремни да ја платат оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…