Бразилската ѕвезда Оскар пред скоро три години го изненади фудбалскиот свет кога го напушти Челзи и се пресели во Кина.
Договорот на Оскар со кинескиот Шангај СИПГ завршува на крајот на сезоната, па Бразилецот е спремен да се врати во Европа.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Инетерес за 28-годишниот плејмејкер покажуваат миланските гиганти Милан и Интер, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
И самиот Оскар призна дека би сакал да заигра во Италија и дека пред извесно време веќе престојувал во Милано.
Преговорите меѓу двата клуба и неговите агенти се во тек, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за поранешниот играч на Челзи.