Милан и Интер се силно заинтересирани за играчот за врска на Лил, Бубакари Сумаре, пренесуваат италијанските медиуми.
Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан и Интер се најсериозни кандидати за неговиот потпис.
Конте е во потрага по играч кој ќе може да биде алтернатива за Брозовиќ, а Милан бара алтернатива за Кеси, па веруваат дека Сумаре ќе биде идеално засилување.
Лил е спремен да ја пушти својата ѕвезда за 30 милиони евра, а миланските гиганти ќе се обидат да ја намалат цената.