Дома Топ вести Милан во јануари уште посилен, пристигнуваат две засилувања

Милан во јануари уште посилен, пристигнуваат две засилувања

Милан одлично ја започна сезоната и со четири победи во четири меча се наоѓа на врвот на табелата во Серија А.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ сакаат додатно да го засилат тимот во зимскиот преоден рок, а Малдини веќе работи на две засилувања.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, главна цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде играчот за врска на Лил, Бубакари Сумаре.

Сумаре минатата сезона со своите настапи ги воодушеви фудбалските критичари, па веќе го доби епитетот „новиот Погба“, бидејќи многу наликува на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Европските гиганти веќе покажаа силен интерес за Сумаре, но француските медиуми тврдат дека Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори.

Второто засилување треба да пристигне во одбраната, а медиумите тврдат дека Милан не се откажал од стоперот на Фиорентина, Никола Миленковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …