Миланските гиганти Милан и Интер се силно заинтересирани за младиот аргентински напаѓач, Матео Ретеги.
23-годишниот Ретеги е дете на Бока Јуниорс, но игра на позајмица во дресот на Тигре каде блеска веќе втора сезона.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Ретеги важи за најталентираниот напаѓач во Аргентина и на 46 меча за Тигре постигна 37 гола, а од почетокот на новата сезона на 6 настапи постигна исто толку голови.
Ретеги има италијански корени и може да добие повик од Манчини, а скаутите на Милан и Интер го следат веќе подолго време.
„Росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и работат на трансферот, па сакаат да го донесат на лето на „Сан Сиро“.