MЗТ Скопје денес го покажа квалитетот и убедливо славеше против Работнички со 87:66.
Работнички во сезоната влезе со променет состав и амбициите не беа највисоки, но сепак едно вакво издание од момците на Тони Симиќ не се очекуваше, а и не му доликуваше. МЗТ водеше од почетокот до крајот и заслужено се радуваа на победата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На полувреме МЗТ водеше со 24 поени разлика (52:28). Нападот на Работнички не функционираше, па разликата констатно растеше и во еден момент таа изнесуваше највиоски 33 поени (68:35). Во последниот период тренерот на МЗТ ротираше и пробуваше нови опции, па така Работнички се избори барем за поблаг пораз.
Најдобар кај МЗТ беше Бојан Крстевски со 18 поени, Дамјан Робев уфрли 16, а Немања Милошевиќ го заврши мечот со 14 поени. Во поразениот тим на Работнички Џексон Пол најмногу се истакна со 14 поени.