Дарко Радуловиќ повеќе не е тренер на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска му беше прекината соработката со клубот од Аеродром.
Главна причина за ваквата одлука на управата на клубот е неосвојувањето на трофејот во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, каде што МЗТ беше поразен од ТФТ (66-80).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во редовите на МЗТ Радуловиќ дојде пред почетокот на минатата сезона како помошник на Ѓорѓи Кочов, по чие заминување седна на клупата како главен стратег, на која остана до денеска.
Предводниците на МЗТ Скопје Аеродром веќе работат на ангажирање на неговиот наследник, за што ќе имаат и доволно време, со оглед на паузата од две недели во домашното првенство поради настапот на репрезентацијата на Македонија.
Фото: МЗТ Скопје