Вистински скандал кој го потресе целиот фудбалски свет се случи вчера на натпреварот помеѓу Анкарагучу и Ризерспор. Главниот судија на овој натпревар, Халил Умут Мелер беше претепан од претседателот на домаќините Фарук Коча.
Судијата кој заврши во болница каде што се разговараше и со претседателот Ердоган раскажа што се случувало во моментите кога бил удрен, но кога лежел на теренот добивајќи удари по телото.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Фарук Коџа ме удри под левото око и паднав на теренот. Како што може да се види додека лежев добивав многу удари со клоци по главата и другите делови од телото.
Освен ударите ми се закануваше зборуваше: „Готов си! Ќе те убијам…“. Дефинитивно ќе поднесам тужба против него и против сите кои ме удираа. Не сакам никаков компромис“, порача Мелер.
Cumhurbaşkanı Recep Tayyip Erdoğan, Halil Umut Meler ile telefonda görüştü.pic.twitter.com/7v6peoLs2k
— Fener Ajans 🇹🇷 (@ajansfenercom) December 12, 2023
Инаку, Фудбалската федерација на Турција го суспендираше целото првенство на неодредено време по овој скандал. Во јавноста се шпекулираше и дека Мелер повеќе нема да суди.