Флојд Мејведер во Лас Вегас славаше над ММА ѕвездата Конор Мекгреор во 10 рунди во долгонајавуваната борба.
После борбата Мејведер го потврди она што сите и го очекуваа, а тоа е дека ова беше негова последна борба во кариерата во која сега има 50 победи без ниту еден пораз.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мекгреор се бореше многу подобро отколку што очекував. Беше тежок противник. Мојот план беше да го оставам да се измори и на крајот да го победам. Тој во ММА се бори најмногу 25 минути и не е навикнат на подолги борби. Сметам дека вечерва јас успеав да ја зачувам репутацијата на боксот“.
„Ова беше моја последна борба. Избрав вистински противник за моето последно влегување во рингот. Тој е страшен борец и голем шампион“, изјави Мејведер.