Дома Фудбал Ибрахимовиќ нема дилема: Тој е најдобар играч во светот, се криев за да го гледам

Ибрахимовиќ нема дилема: Тој е најдобар играч во светот, се криев за да го гледам

Многу внимание привлече специјалното издание на емисијата „Неуспех на шампионите“ кое го води Славен Билиќ, а причината е гостинот што пристигна во студиото, а тоа е легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Познато е дека Ибрахимовиќ претходно признал дека му е бразилецот Роналдо бил играчки пример, а сега откри уште една спортска величина. Говореше и за самиот Роналдо и зошто токму тој.

„Го гледав Мухамед Али, но ТВ не беше во боја, црно-бело тогаш беше, гледам како зборува, не беше арогантен и како дете веднаш почнав да се интересирам кој е тој,” рече Ибрахимовиќ и продолжи:

“Реков сакам да бидам како него, но во фудбалот. Почнав да гледам фудбал, а тогаш го видов Бразилецот Роналдо.”

А потоа во еден здив зборуваше за Роналдо.

“Кога ќе видиш таков играч, почнуваш да правиш што и тој, тој е најдобриот играч на светот на сите времиња,” истакна Ибрахимовиќ.

“Има големи играчи, но за мене Роналдо беше најдобриот на сите времиња,” јасен беше поранешниот шведски фудбалски ас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…