Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Меч на денот: Европскo Класико меѓу Шпанија и Италија

Меч на денот: Европскo Класико меѓу Шпанија и Италија

Во тек е вториот круг од групната фаза на ЕП, а денес се игра едно од наголемите дербија во оваа фаза помеѓу Шпанија и Италија.

Шпанија изненади во првиот меч

Шпанците оставија најдобар впечаток во првото коло бидејќи лесно и супериорно славеја над Хрватска со 3:0. Во центарот на вниманието беше младиот Ламине Јамал кој собори два рекорди. Талентираниот тинејџер со само 16 години и 338 дена стана најмлад играч кој заиграл на едно Европско првенство. Шпанија и Италија имаат големо ривалство и традиција,а интересно дека во последно време „црвената фурија“ е многу поуспешна. На последните четири меѓусебни меча запишаа три победи. Новиот селектор Де Ла Фуерте полека го консолидира тимот, се чини дека најважен играч во оваа селекција е Родри и целата игра зависи од него, иако има и многу талентирани фудбалери како Пери Јамал… Со оглед на квалитетот на групата секој бод е важен, па целта секако ќе биде со победа уште после две кола да се обезбеди пласман во нокаут фазата.

Италија сака да ја прекине лошата серија со Шпанија


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Во првиот меч Италија против Албанија го прими најбрзиот гол во историјата на ЕП, но сепак успеа да направи пресврт и запиша голема победа. Сепак, ова е „група на смртта“ и секој бод е од исклучително значење, па сигурно ќе сакаат во најмала рака да останат непоразени. Шпанија за нив е секогаш посебна испирација и ќе се обидат да ја прекинат црната серија. Во последно време „аѕурите“ немаат добри резултати против Шпанија, а и реално овој тим на Италија е послаб во квалитет. Во ваква група првата цел е да се обезбди нокат фаза, а после Италија знае да игра турнирски и се е можно. Се чини дека одбраната овој пат не е јака страна и ќе мора значително да ја поправат играта во однос на првиот меч.

Очекување

Реми им одговара на двете селекции, но јасно е дека кога играат две вака силни репрезентации одат на победат, а тоа е предуслов за возбудлив меч со голови на двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Копа Америка: Венецуела го сруши Мексико за пласман во четвртфинале

Венецуела продолжува со добрите игри и ја забележа втората победа на Копа Америка и тоа пр…