Стеван Јоветиќ ова лето го напушти Интер и потпиша за актуелниот француски шампион Монако. Меѓутоа, Црногорецот не се снајде баш најдобро во „кнежевството“.
Медиумите најавуваат дека тој сигурно ќе ја промени средината во јануари и би можел повторно да соработува со Винченцо Монтела, новиот тренер на Севиља.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Тие двајцата одлично соработуваа во Фиорентина, а Јоветиќ минатата година го носеше дресот на Севиља, па сега би можел повторно да се врати во Андалузија.
Црногорскиот репрезентативец готово секој преоден рок ги пакува куферите. Откако во 2013 година премина во Манчестер Сити, смени неколку клубови и никако да најде сигурно место.