Рускиот напаѓач, Павел Погребњак наскоро ќе стане слободен фудбалер бидејќи неговиот клуб Динамо одлучи да ја прекине соработката.
Клубот одлучи да го отпушти бидејќи место да игра за својот тим Погребњак заминал во Торино да го гледа дербито помеѓу Јувентус и Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И не само да го гледа тој таму бил во улога на навивач на италијанскиот шампион.
Неговиот Динамо на тој 9 декември играше против Анжи во директна борба за опстанок. Неговиот брат Кирил на друштвените мрежи се пофали дека го гледа дербито и тоа Павел скапо го плати.
„Клубот започна истрага. Динамо играше натпревар на денот кога Погребњак беше во Торино и со тоа го прекрши клупскиот правилник. Поради тоа ќе го раскинеме договорот“, порачаа од клубот.
Динамо успеа да го победи Анжи со 2:0 и така да излезе од опасната зона после 20 коло, а за жал на Павел Јувентус и Интер одиграа 0:0.