Дома Фудбал Лига на шампиони Местаља сепак не беше празна: Еден навивач беше на трибините, а приказната за него ќе ве трогне сите

Местаља сепак не беше празна: Еден навивач беше на трибините, а приказната за него ќе ве трогне сите

Еден навивач сепак беше дел од трибините на Местаља во текот на натпреварот во ЛШ помеѓу Валенсија и Аталанта, која беше одиграна пред празни трибини поради епидемијата коронавирус.

Фудбалерите на Аталанта за прв пат во историјата обезбедија пласман во четвртфиналето во ЛШ, откако синоќа во реванш натпревар ја елиминираа Валенсија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако овој натпревар беше одигран без присуство на гледачи, тие се собраа пред стадионот да им дадат поддршка на своите миленици. Сепак, еден навивач беше на трибините на Местаља, и не само сега, туку ќе остане засекогаш…

Се работи за статуа на Висенте Наваро кој починал во 2017. година.

Тој бил голем навивач на клубот, а неговата љубов кон Валенсија клубот ја наградила со статуа на седиштето број 164 во 15. ред на централната трибина.

Верниот навивач, сопственик на членска книшка со број 18, ослепел на свои педесет години од животот, но и покрај тоа редовно доаѓал со синот на натпреварите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…