Барселона со 1:0 ја победи Валенсија во полуфиналето од Купот, а херој за Каталонците повторно беше Луис Саурез.
Најскапата аквизиција на Барселона, Филипе Кутињо натпреварот го започна од клупата и одигра половина час.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кутињо играше на средина бидејќи Меси понекогаш сака да игра десно. Нашата замисла е Кутињо да игра на крило кога Меси е во средината, но тој може да ги покрива сите позиции. Да, за Ливерпул играше на левата стана, но овде ќе игра десно или на средина“, откри Луис Суарез.
Барселона на домашен терен во Купот нема пораз веќе пет години, уште од дуелот со Реал во 2013 година.
„Валенсија дома е секогаш опасна, а особено во полуфинале на Куп. На Камп Ноу не беа многу опасни, но имавме малку простор да создадеме шанси“, додаде Суарез.