Дома Фудбал Лига на шампиони Меси успеа да го совлада Буфон, ПСЖ без многу мака стигна до првите три бода (Видео)

Меси успеа да го совлада Буфон, ПСЖ без многу мака стигна до првите три бода (Видео)

Ноќ полна со погодоци, во рамки на првото коло од ЛШ.

Манчестер Јунајтед славеше над Базел со 3:0, а прецизни за „“Ѓаволите, беа Фелаини, Лукаку и Рашфорд.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


ЦСКА Москва на гости кај Бенфика ги обезбеди своите први три бода, а резултатот на крајот беше 1:2.

Во рамки на групата Б, Баерн славеше на домашен терен против Андрлехт со погодоците на Левандовски, Кимих и Алкантара. ПСЖ пак несомнено ја оправда фаворитската улога, па со високи 5:0 славеше над Селтик на годишен терен. Стрелци на погодоците беа Нејмар, Мбапе, два погодоци запиша Кавани а еден автогол си постигна Луствиг.

Челзи со убедливи 6:0 триумфираше над аутсајдерот Карабах, а за „Плавите“ стрелци беа Родригез, Запакоста, Ацпиликуета, Бакајоко, Бачуаи, а и на овој меч имаше автогол кој го постигна Медведев.

Рома и Алтетико пак одиграа без голови. Барса славеше над Јувентус со 3:0, а во овој меч интересен детал е тоа што Меси успеа да го совлада Буфон и постигна два погодоци.

Олимпијакос во последниот меч беше поразен на домашен терен од Спортинг со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дарвин Нуњез не ја исклучува можноста за трансфер во Ал-Хилал

Уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез е отворен за трансфер во саудискиот Ал-Хилал во услови н…