Репрезентацијата на Аргентина после 2. коло во групата Б на Копа Америка има само еден освоен бод.
Аргентинците одиграа нерешено против Парагвај 1:1 и моментално се на последното место во оваа група.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, Гаучосите имаат реални шанси за пласман понатаму, но ќе мора да го победат Катар, а од друга страна Парагвај да не оствари победа против Колумбија. За тоа е свесен и Лео Меси.
„Фрустрирачки е што не го победивме Парагвај, но сигурен сум дека ќе се пласираме понатаму. Ќе биде премногу да испаднеме, посебно сега кога три репрезентации одат понатаму. Одиме да играме на живот или смрт. Свесни сме за се и мораме максимално сериозно да ја сфатиме ситуацијата.“ – изјави после натпреварот Лео Меси.
Меси го постигна единствениот погодок против Парагвај и тоа од 11 метри.