Најновата верзија на ПЕС излегува на 10-ти септември, а на насловната страна на оваа популарна фудбалска симулација ќе биде вратен Лионел Меси кој последен беше во 2010 година.
За официјалниот сајт на Барселона Меси зборуваше за враќањето на насловната страна на ПЕС 2020.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Како се чуствувам што ќе бидам повторно на насловната на ПЕС?“, гласеше едно од прашањата кое Меси го доби на самиот почеток во видеото.
„Многу сум среќен што ќе бидам на насловната. Кога бев дете со нетрпение чекав да видам кој ќе биде на насловната. Сега кога и мојот син ја играта играта, возбуден сум што оваа година ќе бидам јас. Дури и неколку пати ме прашуваше зошто не сум јас на насловната, затоа сум среќен што ќе се најдам повторно“, изјави Меси.
Messi: “My son plays @officialpes and will be very happy to see me on the cover”
? #PES2020 pic.twitter.com/idRFxDD6mG— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 11, 2019
Освен Меси дел од новата верзија на ПЕС ќе биде и Андрес Иниеста. Иниеста како советник помогнал играта да биде што повеќе веродостојна. Целото најавно видео за ПЕС 2020 е преполно со играчи на Барселона. Во оваа верзија се најавени многу новитети.
https://youtu.be/fK3_uf8FLHc