Дома Фудбал Останато Меси се врати и ја покажа класата, но Интер Мајами повторно не победи

Меси се врати и ја покажа класата, но Интер Мајами повторно не победи

Лионел Меси се врати на теренот по тринеделна пауза и Интер Мајами и одново ја покажа својата класа, но неговиот тим не победи.

Интер Мајами беше домаќин на Колорадо по два врзани натпревари без победа, а Колорадо поведе на крајот од првото полувреме кога Рафаел Наваро беше прецизен од белата точка.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Херардо Мартино поради тоа беше принуден веднаш да го уфрли Меси во игра на полувремето, како и Бускетс. Веќе во 58. минута Меси во свој стил реагираше на одбиената топка и израмни на 1:1. Само две минути подоцна Меси беше главниот креатор на акцијата во која Руиз потоа го проигра Леонардо Афонсо за 2:1.

Но, во 88. минута Колорадо успеа да постигне втор гол во мечот, бидејќи Басет погоди за конечни 2:2.

По добриот старт на сезоната, Интер не може да се пофали со добра форма, бидејќи има само една победа во последните пет натпревари, а сега е на третото место во Источната конференција на МЛС со 12 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…