Дома Офсајд Меси повеќе не е играч со најдобра оценка за додавање на ФИФА 21

Меси повеќе не е играч со најдобра оценка за додавање на ФИФА 21

EA Sports за десетина дена конечно ќе ја пушти во продажба ФИФА 21 која љубителите на видео игрите ја чекаат со нетрпение.

ФИФА 21 официјално ќе биде пуштена во продажба на 6. октомври, а веќе некое време EA Sports работи на промоција на оваа игра. Претходните недели ги открија и оценките на играчите во новото издание кои предизвикаа многу полемики.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


И натаму Меси е играчот кој има најголема оценка, а вкупната оценка овој пат изнесува 93. Меѓутоа, може да се забележи дека Меси повеќе не е играчот со најдобра оценка за додавање како што беше случај претходните години.

Тој оваа титула ја чуваше неколку години, но сега се симна од тронот. EA Sports објави дека најдобрата оценка за додавање сега ја има Кевин Де Брујне од Манчестер Сити.

Имено, за додавање Меси има оценка 91, а Де Брујне е со оценка 93. Вкупната оценка која му ја додели ФИФА 21 на играчот на Манчестер Сити изнесува 91.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Офсајд

Проверете

Нејмар повторно е во врска со девојката која ја изневерил 92 пати

Бразилецот Нејмар вчера се врати на терените по долгата пауза поради повреда, а медиумите …