Дома Фудбал Репрезентации Де Брујне можеби го одигра и последниот натпревар за Белгија

Де Брујне можеби го одигра и последниот натпревар за Белгија

Селекцијата на Белгија вчера беше елиминирана од Европското првенство откако Франција запиша триумф од 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој натпревар можеби беше и последен за Белгиецот Кевин Де Брујне. Еден од најдобрите репрезентацијата на Белгија не е сигурен дека и понатаму ќе продолжи да го носи националниот дрес.

„Рано е да одговарам на тоа прашање. Прво треба добро да размислам по овој пораз и елиминацијата. Зад себе имам долга сезона и потребно ми е да го одморам телото и да ги наполнам батериите. Големите одлуки ќе ги носам по завршувањето на летото“, изјави Де Брујне.

Де Брујне кој има 33 години претходно зборуваше и дека би можел да ја заврши кариерата во европскиот фудбал во случај на некоја голема понуда. Договорот кој го има со Манчестер Сити е со важност до 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Баерн нуди 30 милиони за бразилскиот репрезентативец, но Јувентус бара повеќе

Германскиот шампион Баерн Минхен ја поднесе својата прва понуда за централниот дефанзивец …