Фудбалерите на Барселона вечерва на свој терен играат против Еибар во 16. коло од шпанската Ла Лига.
После неколку дена пауза се продолжува натпреварувањето во Ла Лига, а каталонскиот клуб сака со победа да ја заврши 2020 година која за нив беше исклучително турбилентна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналд Куман одлучи вечерва да игра без Меси кој доби повеќе дена одмор од остатокот од екипата. Наводно, Аргентинецот има лесна повреда на десната нога.
Но, многумина веруваа дека тоа е само изговор Меси да остане подолго во Аргентина со семејството за Божиќ. Сепак, тој утрово се врати во Барселона и веќе утре ќе биде на тренингот.
Јасно е дека Меси вечерва нема да игра, но и покрај тоа Барселона е голем фаворит во овој дуел.