Цело лето траеше сагата околу Нејмар, Бразилецот беше најблиску до Барселона, но се поврзуваше и со Реал Мадрид, на крајот сепак остана во Париз.
Барселона до самиот финиш се обидуваше да го доведе Нејмар, меѓутоа договор со ПСЖ не постигнаа. Лионел Меси сега за каталонските медиуми зборуваше на оваа тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот призна дека не биле баш сите во Барселона за Бразилецот да се врати на „Камп Ноу“.
„Беше многу тешко да се врати во Барселона. Прво бидејќи беше тешко да се гледа како заминува, а второ и поради начинот на кој замина. Постојат луѓе во клубот кои не сакаа да се врати. Ако гледаме само од спортска страна, Нејмар е еден од најдобрите, но мораме да ги разбереме и другите фактори“, изјави Меси.