Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во понеделникот ја освои рекордната шеста Златна топка.
Меси оваа година е награден за добрите игри и заслужено е прогласен за најдобар играч на светот. Капитенот на Барселона ги остави зад себе Вирџил ван Дијк и Кристијано Роналдо и сега е осамен на првото место со рекордни шест Златни топки.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Аргентинецот синоќа приреди и мала забава по повод освојувањето на оваа престижна награда. Но, како што пишува Мундо Депортиво на истата повикал само двајца соиграчи од Барселона.
На вечерата беа Луис Суарез и Бускетс заедно со сопругите, а била организирана во јапонски ресторан чиј сопственик е Роберт Де Ниро. Се уште не е познато дали Меси ќе организира вечера за сите играчи на Барса кои сигурно му помогнаа да дојде до нова Златна топка.