Дома Трансфер зона Меси минатото лето сакал да се пресели во Манчестер Сити

Меси минатото лето сакал да се пресели во Манчестер Сити

Шпанскиот весник, „Mundo Deportivo“ пренесува дека Лионел Меси минатото лето сакал да се пресели во Манчестер Сити.

Меси минатиот јуни се повлече од репрезентацијата по поразот во финалето на Копа Америка од Чиле, а само десет дена подоцна доби казна за наводни затајувања на данок.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Поради сето тоа, тој сакал да си замине и да се пресели кај Пеп Гвардиола во Сити, а дури бил подготвен и јавно да излезе и да каже дека сака да си замине. Одговорот на Барселона бил дека може да си оди само доколку некој ја плати клаузулата од 250 милиони евра, а Сити бил подготвен да плати 170.

Сепак, 18. јули потпреседателот на Барса, Жорди Маестре отпадува за САД за да разговара со таткото на Меси, Хорхе.

Меси остана на неговата одлука да го напушти клубот, а од тоа на крајот беше одговорено од страна на Луис Суарез. Наводно тие двајца два дена подоцна разговарале и по тоа Меси се вратил на тренинзите.

Потоа, следуваше одлична сезона за Меси, но не и за Барселона која го освои само Купот на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …