Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Меси: Ливаковиќ има еден трик при пеналите, јас го прочитав

Меси: Ливаковиќ има еден трик при пеналите, јас го прочитав

Минамино, Митома, Јошида, Родриго…Навивачите на Хрватска се надеваа дека на оваа низа на играчи на кои Ливаковиќ им одбранил пенал на ова Светско првенство ќе се најде и Лионел Меси.

Меѓутоа еден од најдобрите фудбалери во историјата шутираше неодбранливо и го постигна првиот гол за Аргентина во победата од 3:0 на Светското првенство.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ливаковиќ брани одлично за Хрватска во текот на целото Светскот првенство, па така и Аргентинците посебно се припремале. Меси откри дека посветил посебно време на проучувањето на тоа како Ливаковиќ ги брани пеналите.

„Со нашите голмани Мартинез и Рули детално го проучувавме хрватскиот голман при изведувањето на пенали. Веднаш забележавме дека секогаш ги чека играчите, односно по залетот, погледот и позицијата на телото проценува каде фудбалерот ќе шутира.

 Затоа сфатив дека не смеам да чекам, туку да шутирам што е можно побрзо. Колку повеќе се задржувате, Ливаковиќ има поголеми шанси да го одбрани ударот. Затоа одлучив да шутирам така како што шутирав и бев успешен“, изјави Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Челси во проблем: Делап поради повреда долго надвор од терените

Фудбалерот на Челси Лијам Делап ќе отсуствува околу два месеци поради повреда на задната л…