Дома Топ вести Меси има план: Веќе го избра новиот тренер на Барса!?

Меси има план: Веќе го избра новиот тренер на Барса!?

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и пишуваат за евентуалната нова аквизиција на Барселона и тоа на клупата на каталонскиот гигант.

Како што пренесува „Дон Балон“ после синоќешното реми помеѓу Атлетико Мадрид и Карабаг, многу е веројатно дека Диего Симеоне ќе ги напушти „јорганџиите“ на крајот на сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Атлетико само чудо може да го однесе во нокаут фазата од ЛШ, а медумите во Шпанија тврдат дека од следната сезона Симеоне би можел да го преземе кормилото на Барселона, клуб каде што има свои фанови. Имено, „Дон Балон“ тврди дека Лео Меси најмногу ќе се радува на доаѓањето на својот сонародник.

Токму Меси минатото лето лобираше за доаѓањето на популарниот „Чоло“, но наместо Аргентинецот на „Камп Ноу“ пристигна Ернесто Валверде.

На Меси му се допаѓа начинот на работа на Симеоне, мотивацијата која ја пренесува на играчите, а пред се тоа што се сонародници.

Каталонските навивачи веќе неколку кола го изразуваат своето незадоволство од играта на Барселона и методите на работа на Валверде. Поради тоа, иако резултатите на тимот се одлични можно е на крајот на сезоната да има тренерска смена на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…