Дома Фудбал Останато Меси за пензионирањето на Касиљас: Беше ривал кој те правеше подобар играч

Меси за пензионирањето на Касиљас: Беше ривал кој те правеше подобар играч

Eден од најдобрите голмани во историјата Икер Касиљас вчера објави дека ја завршува кариерата.

По неговата објава следуваа бројни реакции од неговите колеги, а помеѓу нив беше и Лионел Меси кој беше негов голем противник додека Икер го бранеше голот на Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Икер оди во пензија, но во историјата е од поодамна и не само како шпанска икона туку и на меѓународно ниво. Беше спектакуларен голман кој е тежок противник, но беше убаво да се има таков голман за ривал кој секогаш те тера да бидеш подобар“, изјави Меси.

Почитта помеѓу помеѓу Меси и Икер е обострана бидејќи неодамна Касиљас изјави дека Меси е најдобриот играч со кој се сретнал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…