Нa програмата на МЛС лигата синоќа се одиграа 14 натпревари. Најголемо внимание предизвика повредата на Лионел Меси. Најголемата ѕвезда на МЛС се повреди во првото полувреме на натпреварот помеѓу неговиот Интер Мајами и Торонто.
Напаѓачот на Интер го напушти теренот во 37. минута, а засега не се знае за каква повреда се работи.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Две минути претходно теренот поради повреда го напушти и неговиот соиграч Жорди Алба. На крајот Интер победи со 4:0, а стрелци беа Факундо Фариас во третата минута од судиското надополнување, Роберт Тејлор во 54. и 87. и Бенџамин Кремаски во 73. минута.
Интер моментално е на 13. место на Истокот со 31 бод, пет помалку од плеј-офот. До крајот на регуларниот дел остануваат уште четири-пет кола, и секој бод е важен во борбата за пласман во плеј-офот.