Актуелните светски шампиони, фудбалерите на Аргентина, стигнаа до четвртата победа во јужноамериканските квалификации за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Откако славеше против Еквадор (1:0), Боливија (3:0) и Парагвај (1:0), тимот предводен од Лионел Скалони го совлада Перу со 2:0 во Лима, па по четири кола има максимални 12 бода и 7:0 гол разлика.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Светските шампиони до победата ги предводеше двојниот стрелец Лионел Меси (32′, 42′). Во 58. минута Меси го постигна третиот гол на натпреварот, но подоцна беше поништен поради офсајд. “Мислам дека овој тим е импресивен, продолжува да расте. Имаме одлични играчи, имаме многу посебен стил на игра кој не идентификува. Да се надеваме дека ќе продолжиме по тој пат”, изјави аргентинскиот капитен.
„Тимот е импресивен и продолжува да расте, секој пат игра подобро. Споредба со Барселона на Пеп? Дека Барселона е најдобриот тим во историјата, нели? Мислам дека оваа Аргентина е таму горе со се што покажа. Ние сме шампионите на Америка и светот“, додаде тој.