Дома Фудбал Лига на шампиони Мертенс им даде ветување на навивачите: Ако треба ќе загубам се за Наполи

Мертенс им даде ветување на навивачите: Ако треба ќе загубам се за Наполи

Наполи би можел да мине во следната фаза од Лигата на шампионите под услов Шахтјор да загуби од Манчестер Сити во Украина, а тие да слават кај Фејнорд на гости.

Сепак, тоа не е невозможна мисија, смета Дрис Мертенс, иако го нема Лоренцо Инсиње.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Секогаш ќе ни недостига кога не е тука. Лоренцо е фантастичен фудбалер, но имаме луѓе кои би можеле да го заменат“, истакна Мертенс.

Откако истакна дека неговата екипа е во добра форма и покрај поразот од Јувентус, даде и ветување пред навивачите на Наполи.

„Ако треба да загубам уште два заба поради Наполи, тогаш ќе го сторам тоа. Моето семејство ќе го следи овој дуел, бидејќи Ротердам не е далеку од моето родно место“, истакна Дрис Мертенс, момчето од Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Поранешниот голман на ПСЖ го откри најголемиот страв на Нејмар: Бев шокиран!

Поранешниот голман на ПСЖ, Александар Летелиер (34) сподели интересна случка од својата ка…