Дома Фудбал Останато Менаџер барал од фудбалер да добие црвен картон, му нудел 40.000 евра

Менаџер барал од фудбалер да добие црвен картон, му нудел 40.000 евра

Голем скандал го тресе грчкиот фудбал по мечот помеѓу Волос и Олимпијакос откако фудбалерот Жан Баринетос од редовите на Волос го пријавил неговиот менаџер дека барал од него да добие црвен картон.

Менаџерот му пристапил на фудбалерот со барање и нудење награда од 40.000 евра за да добие црвен картон. Фудбалерот тоа го одбил и го пријавил во полиција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Сомневањата се дека постоела криминална група или повеќе групи кои сакале да се обложат на него и добро да зарабоатат.

Отворена е истрага против него и ќе се истражува кој е вмешан, иако ова е само еден од големиот број скандали кои се случуваат во грчкиот фудбал во последните години.

Бариентос е фудбалер роден во Монтевидео, а кариерата ја започнал во Расинг, а потоа играл за Гимараеш во Португалија, Висла во Полска, Олимпо и Мелгар, па повторно за Расинг. Во Грција е од 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неубедлив Ливерпул повторно поразен од Галатасарај

Ливерпул повторно загуби со 1:0 од Галатасарај во Истанбул. Oткако тоа се случи во септемв…